Новак Ѓоковиќ за историја!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Мастерсот во Париз.

Новак денеска имаше многу тежок и напорен меч против Хуберт Хуркач, но на крајот успеа да победи и да се пласира во новото мастерс финале.

Полјакот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:3, но Србинот го совлада во вториот сет.

Најинтересно беше во третиот сет. Ѓоковиќ стигна до брејк на почетокот, имаше и 3:1, но Полјакот стигна до брејк во седмиот гем и потоа израмни (4:4).

Новак ја имаше меч топката со водство од 5:4, но Хуркач успеа да се извлече и да израмни на 5:5. Откако двајцата играчи земаа сервис гемови, тај-брејкот го реши победникот.

И во 13. гејм од третиот сет имаше голема драма, за Ѓоковиќ сепак да излезе како победник. Со резултат 5:5, Новак прави мини-брејк и доаѓа до нова меч топка и пласман во финалето на Мастерсот во Париз.

Ноќта на 31 декември 2021 година, Ѓоковиќ ќе знае дека направил нешто што никој на светот досега не го направил, па по седми пат ќе ја дочека годината на првото место.

За Новак ова е 54-то финале на Мастерсот, а за титулата ќе игра против Медведев или Зверев.