Новак Ѓоковиќ ќе мора на отсуство?

Првиот тенисер во светот би можел повторно да замине на операција и дополнително да падне на АТП табелата.

Тој на последниот турнир имаше константни болки во рамото, што сигнализира дека ќе биде потребна операција која треба да го реши неговиот проблем.

Еден од најугледните новинари на Њујорк Тајмс, Кристофер Клареј, се сомнева дека Ѓоковиќ навистина ќе мора да оди на операција.

Слушам дека Ѓоковиќ има проблеми со неговото рамо и дека можеби ќе биде потребно нешто друго, нешто повеќе од обичен одмор“, пишува Клареј.

Следниот Мастерс на кој Новак треба да изагра е оној од серијата 500 во Токио, а потоа следуваат Шангај и Париз, но останува да се види дали ќе следува операција и отсуство на Новак Ѓоковиќ.