Новак Ѓоковиќ се проба и во кајак

503

Поранешниот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ во моментов е во голема резултатска криза И се наоѓа на 12.место на АТП ранг листата. Сепак за да остане во добра физичка кондиција се реши да се „испроба“ и во еден интересен спорт.

Ѓоковиќ беше забележан на Ада Циганлија во кајак на мирни води.

За познатиот тенисер ова не беше голем проблем, а за организаторот ова воедно беше и добра промоција на претстојното Европско првенство во овој спорт што ќе се одржи од 8-10.јуни во Белград.