Нова заблуда или реално очекување – Фетел тврди дека Ферари сега ги има „состојките“ да го добие Мерцедес

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, тврди дека неговиот тим ги има конечно „состојките“ со кои може да го победат Мерцедес во егал ситуација.

Тој минатата сезона си ја загуби поради дел од неговите возачки грешки, иако имаше добар болид во еден дел од првенството, но сепак на крајот убедливо титулата ја освои Луис Хамилтон.

Сега германскиот возач тврди дека Ферари е подготвен за големиот чекор и конечно по 12 години, да донесе возачка титула во својата витрина.

Сега се зависи само од нас, Ферари ги има состојките за да го победи Мерцедес во новата сезона. Ќе биде сигурно тешко се уште да се каже до каде сме стигнале, се уште сме во мрак, го чекаме болидот да излезе и потоа да видиме како ќе се одважиме на првата трка. Но со нетрпение го исчекуваме, јасно е дека сакаме успех годинава“, порача Германецот.

Тој има 4 шампионски титули во кариерата, освоени во тимот на Ред Бул.