Нова мода во фудбалот – бесплатно „купување“ играчи

Она што со години го прават Баерн и Јувентус, поради корона кризата се принудени сега да го чинат и останатите европски гиганти.

ПСЖ во текот на летото бесплатно ги донесе Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Георгино Вајналдум. Реал на ист начин се засили со Алаба, а изгледа дека таа мода особено ќе земе замав идното лето.

Повторно Реал ќе биде во центарот на вниманието бидејќи шпанскиот клуб планира бесплатно да ангажира дури четворица фудбалери од кои двајца се големи ѕвезди на европскиот фудбал. Станува збор за Килијан Мбапе од ПСЖ и Пол Погба од Манчестер Јунајтед, на кои треба да им се приклучат уште Антонио Ридигер од Челси и Франк Кеси од Милан.

Ако успее во својата намера, Флорентино Перес повторно ќе направи силен тим кој ќе биде способен да се бори за трофеите во сите натпреварувања.