Нова магија од кујната на Марота: Стигнува играч од 120 милиони евра за 6-7 пати помала сума

Интер во продолжение од сезоната уште посилно ќе атакува на шампионската титула во Серија А, ако им се верува на италијанските медиуми.

Според нив, Кристијан Ериксен ја прифатил понудата да се пресели во Милано и останува уште Тотенхем да ги регулира условите за него. Интер понудил десет милиони евра, Спарс бараат двојно повеќе, но може да дојде до договор.

Ериксен минатото лето беше проценет на 120 милиони евра, толку беше подготвен да плати Реал. Сепак, Тотенхем не го продаде и сега ќе го загуби за малку пари затоа што неговиот договор истекува на крајот од сезонава.