Нова индикација за голем трансфер: Гледај сине, на чекор си да го возиш црвениот „ѕвер“

Ферари меѓу редови признава дека по прв пат имале контакт со Луис Хамилтон, околу опцијата да им се приклучи од 2021 година.

Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес завршува по крајот на идната сезона, а Ферари веројатно гледа шанса да го ангажира во свои редови 6 кратниот Ф1 шампион.

Би било несовесно да решаваме сега за иднината на возачите, бидејки имаме долготраен договор со Шарл Леклер и на уште една година со Себастијан Фетел. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе размислиме добро, мило ни е што секој возач на гридот сака да ни се приклучи и да вози за нас. Мислам дека е повеќе од јасно и јавно, дека Луис Хамилтон имаше „контакт“ со нашиот претседател“, истакна Луис Камилиери, еден од првите луѓе на Ферари.

Хамилтон кој идниот месец полни 35 години, пред извесен период даде индикација дека може да се случи промена во неговата кариера по 2020 година, односно дека може да го промени тимот за кој ќе вози.