Нов скандал во Премиер лигата: Лудување во Париз, оргии и дрога!

Нов скандал, поврзан со прекршување на правилата за самоизолација откриен во англискиот фудбал, тврди таблоидот Сан.

Играч од Премиер лигата, чие име весникот не го објавува, заминал во Париз на бурна забава и со тоа ги прекршил правилата во две земји. Летал со приватен авион, а на забавата во еден ресторан на Шанзелизе учествувале најмалку 15 лица. Друштвото се честело со коктели и шотови по што се преселило во приватен апартман во близина.

Сан тврди дека во станот имало оргии и консумирање наркотични средства бидејќи таму е забележан и локален дилер. По полноќ забавата излегла од контрола.

Ресторанот во кој се собрало друштвото сега е затворено, а фудбалерот кој во меѓувреме се вратил во Англија има проблеми со властите на двете држави, но и со својот клуб.