Нов шок за Веспрем и Манасков: Останаа без титулата во Унгарија

Денес за екипата на Веспрем пристигна уште една разочарување сезоната. По испаѓањето од Лигата на шампионите, сега останаа без титулата и во домашниот шампионат.

Скапо платениот состав на Веспрем уште еднаш потфрли приреди уште едно негативно изненадување за своите фанови.

Составот за кој игра македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и денес во реваншот со Пик Сегед беа поразени со 37-36. Потсетување и во првиот меч исто така забележаа пораз (31-28).

Нашиот Манасков денес беше еден од најдобрите во поразениот состав на Веспрем и заврши како втор стрелец со седум погодоци, но тоа не беше доволно за титула која оди во редовите на најголемиот ривал.