Нов план: Во Формула 1 ќе се возат по две трки на една патека!

Пандемијата со корона вирусот не ја заобиколи ни Формула 1, синоќа беше откажана дури деветтата трка од оваа сезона, за Големата награда на Канада.

Според германскиот весник Ауто Мотор & Спорт, новата сезона во Формула 1 најверојатно ќе почне во јули и тоа со две трки на патеката Ред Бул, во австрискиот Спилберг. Властите во оваа земја попуштија со ригорозните мерки поради што шефовите на тимовите се сигурни дека ќе бидат во можност да почнат и со тоа да ги избегнат проблемите со спонзорите и сопствениците на ТВ правата.

Првата трка треба, за Големата награда на Австрија треба да се вози на 5 јули, за две недели подоцна е закажана ГН на Велика Британија во Силверстон, а уште една трка во Австрија треба да се одржи во слободниот бикенд меѓу двете планирани.

Планот за оваа сезона во Формула 1 е да се одржат меѓу 15 и 18 трки, а за некои од одложените трки ќе се бараат дополнителни термини.