Нов медал за Македонија во Тарагона

Македонските спортисти освоија уште еден медал на Медитеранските игри во Тарагона откако денеска успешен настап имаше Дејан Георгиевски во таеквондо. Георгиевски, кој е европски првак имаше три победи и пораз во финалето.

Исцрпувачките борби во четвртфиналето со Словенецот Иван Трајкович и во полуфиналето со Јоан Мино од Франција, го спречија македонскиот спортист да биде конкуренет во финалето на Даниел Рос Гомез од Шпанија. Четвртфиналето нашиот претставник го доби со 20:18 на поени (во продолжение), а во полуфиналето со Французинот Мино од негатива 18:9, со серија од 10 поени дојде до победа од 19:18 на поени. Тој финалето го загуби со 24:9.
Во првото коло Георгиевски беше сигурен против Мути од Мароко.

Ова за Македонија е вкупно шести медал на Игрите во Тарагона, прв сребрен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Хабиб случајно го откри договорот: Ѕвездата на УФЦ ќе биде жестоко казнета!

ВИДЕО: УФЦ не памети по крвава борба – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ сцени

Не е шега: Нурмагомедов ќе се бори со Мејведер, се знае и терминот

Пред еден месец сите го сакаа Нурмагомедов, денеска сите го мразат

(ВИДЕО) ШОК: Шампионот во тешка ситуација по нокаутот – докторите се борат за неговиот живот

(ФОТО) Изразот на лицето на Вајлдер кога Фјури стана по вториот нокдаун е хит на социјалните мрежи

Шоу, драма, нокдауни и на крајот уште едно разочарување во тешкашкиот судир на годината

Сопругата на поранешниот играч на Црвена Звезда донираше пари за Партизан

Првиот човек на УФЦ ги откри плановите за Конор и Хабиб: Што е следно за Ирецот и Дагестанецот?