Нов кошмар за Ферари, овој пат во Канада: Леклер со казна од 10 позиции назад

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе мора да одработи 10 позиции наназад на неделната трка во Канада, поради промена на елементите од електрониката на погонската единица.

Последното откажување на Леклер во Азербејџан, беше најава за вакво нешто. Ферари има кошмарен период кој сака да го заборави, по одличниот старт на сезоната.

Леклер со нови делови на погонската единица возеше слободни тренинзи. На првиот тренинт беше петтопласиран, а на вториот тренинг беше второпласиран, со заостанување зад Верстапен од 0,081 илјадитинки.

Трката за ГН на Канада ќе се вози во недела од 20 часот, а ваквиот развој на настапи совршено му одговара на Верстапен, кој доколку има солидна трка, скоро сигурно ќе има повторно повеќе бодови од Леклер на оваа трка и ќе ја зголеми предноста на генералниот пласман.