Нов хаос во Ла Лига: „Бараме да се пониште натпреварот!“

Оваа сезона имаше многу контроверзии и скандали во шпанската Ла Лига, а работите само се влошуваат како што сезоната се приближува кон крајот.

Барселона веќе ја освои титулата, познати се и учесниците во Лигата на шампионите, но големата битка се води за опстанок. Елче испадна порано, а сега на две кола до крајот Еспањол кој е 19-ти со 35 бода е најтежок од останатите тимови.

Каталонците имаат три бода помалку од Ваљадолид, кој исто така е во опасната зона, потоа Кадиз и Хетафе, додека Алмерија има 39, а Селта и Валенсија по 40 бода. На Еспањол му треба мало чудо за да остане во лигата, особено што следно гостува на Местаља каде ја пречекува Алмерија.

Пред два дена, Еспањол го одигра својот натпревар од 36. коло против Атлетико и на домашен терен ремизираше 3:3. Гостите водеа со 3:0 со головите на Нигез, Гризман и Караско, но Монтес, Хоселу и Винисиус Соуза успеаја да донесат бод вреден за надеж.

Сепак, набрзо по натпреварот имаше жестоки поплаки од Еспањол, кои сметаат дека голот на Гризман не требало да биде признаен. Има различни агли, но ниту еден од нив не ја дава вистинската слика.

Наводно, топката не ја минала гол линијата, а во Шпанија нема гол технологија и единствен начин за проверка е ВАР.

Клос Гомез го информирал Еспањол дека според сегашните регулативи не може да дава слики или дискусии за одлуките донесени во ВАР-собата, потврдувајќи дека сликата користена за да се потврди вториот гол на Атлетико е онаа прикажана на телевизија и снимена од „пајак камера“.

„Баравме слика на која се гледа како топката влегува чисто и јасно“, рече тренерот на Еспањол, Луис Гарсија на прес-конференцијата.

Еспањол побара оспорување на натпреварот и негово поништување.