Нов фудбалски земјотрес: Заборавете на Суперлига, се подготвува лига од 10 милијарди евра

Пролеттва фудбалскиот свет доживеа земјотрес кога 12 бунтовници се изолираа и ја создадоа Супер лигата, меѓутоа, со брзата реакција на УЕФА, обидот за формирање ново натпреварување брзо пропадна.

Повеќето од клубовите се вратија кон УЕФА, додека Барселона, Јувентус и Реал Мадрид останаа на свое и се уште веруваат дека еден ден официјално ќе заживее идејата за Супер лигата.

Сепак, се чини дека гаснењето на пожарот траеше кратко бидејќи контроверзниот шеф на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, работи на проект вреден 10 милијарди евра. Тој беше против Супер лигата, но се чини дека се премислува.

“Лигата на шампионите и Лигата на Европа не носат доволно приход за клубовите за да ги оправдаат своите настапи во конкуренција. За да бидете конкурентни ви требаат многу играчи на високо ниво. Тоа значи дека треба да потрошите многу, а наградите од европските натпревари не се доволни“, рече Де Лаурентис за Дејли Меил и продолжи:

Затоа клубовите треба да разговараат едни со други за да создадат помодерен и попрофитабилен турнир за сите клубови “.

“Треба да го намалиме бројот на натпревари со намалување на бројот на лиги низ Европа. Треба да создадеме европско натпреварување со демократски систем за влез базиран на пласман на екипи во националните првенства. Јас веќе го испитав проектот што може да донесе 10 милијарди евра , но ни треба желба и целосна независност “.

Интересно, Де Лаурентис започна со иста тематика како Андреа Ањели пред неколку месеци. Тогаш претседателот на Јувентус рече дека младите губат интерес за фудбал.

Контроверзниот шеф на Наполи не зборуваше премногу за деталите и можниот систем на натпреварување, но очигледно е дека УЕФА наскоро ќе добие друг конкурент и монополот што го држат во клупските натпреварувања може да замине во историјата.