Нов добар резултат за Георгиевски: Се враќа со сребрен медал од турнирот во Албанија

Македонскиот натпреварувач во Таеквондо конкуренција, Дејан Георгиевски, го освои сребрениот медал на „Президент купот“ кој се одржа во Тирана, Албанија.

Иако имаше добри дуели, стигна до финалето, таму беше поразен од рускиот натпреварувач Владислав Ларин, против кого се натпреваруваше и претходно во финалето на Олимпијадата.

Ова секако е одличен резултат за Георгиевски. Со сребрениот медал, тој освои и 12 нови бодови во рангирањето, кои ќе му бидат значителен поттик за следната Олипијада во Париз.

Пред поразот во финалето, Георгиевски ги победи Хели од Америка, Ел Жазиси од Франција и грчкиот натпреварувач Ангелопулос.