Ништо ново во европскиот женски ракомет – Норвешка и Данска во меѓусебен дуел ќе се борат за уште една титула на Стариот континент.
Тоа ќе биде петто финале меѓу нив, прво по 2004 година кога во Унгарија, Норвежанките беа подобри и триумфираа со 27-25. Норвешка ќе се бори за својата деветтам, а Данска за четвртата титула.
Во денешните полуфинални дуели, Данска ја победи Црна Гора со 27-23, а Норвешка беше подобра од Франција со 28-20. Финалето се игра ц недела од 20:30 часот во Љубљана, а од 17:45, за бронзата ќе се борат Црна Гора и Франција.