Десет натпревари во НБА беа одиграни синоќа, а најжестокот беше дефинитивно на средбата помеѓу Голден Стејт Вориорс и Минесота Тимберволвс, каде дојде и до физичка пресметка на играчите.
Голден Стејт се поразени на домашен терен од Минесота (101:104), а овој меч го одбележа пресметката меѓу играчите на терен.
Ворирси тргнаа во напад, по што на теренот почна војната, пред се помеѓу Клеј Томпсон и Џејден Мекданиелс. Меѓусебно се расправаа нешто, урлаа и се удираа, а набрзо се вклучија и играчите на двете екипи.
Очекувано, најрасположен за борба беше Дрејмонд Грин, тој го дофати Руди Гоберт, му скокна буквално на врат и почна да го дави.
DRAYMOND JUST CHOKED GOBERT 😂😂😂😂😂😂😂pic.twitter.com/sBrNAPxsTE
— Hoops (@HoopMixOnly) November 15, 2023