Нокаут за тенисот: Без турнири до 31 јули!

Водечката светска тениска асоцијација АТП го продолжи периодот без тенис на уште 18 дена.

Првично, сезоната беше суспендирана до 13 јули, а сега до 31 истиот месец што значи дека нема да се одржат турнирите во Хамбург, Њупорт, Лос Кабос, Гштад, Умаг, Атланта и Кицбил. Тоа е во најдобар случај бидејќи голем дел од државите во Европа и светот забранија тениски манифестации најмалку до крајот на август.

Засега нема информации за УС Опен кој е планиран за крајот на август и почетокот на септември. Истото важи и за Ролан Гарос чии организатори се надеваат дека ќе можат да го одржат турнирот во октомври. Вимблдон уште одамна соопшти дека нема да се одржи оваа година.