Баерн синоќа на гостувањето кај Олимпијакос успеа да слави со 3:2.
Ова беше натпревар во кој Мануел Нојер влезе во историјата со оглед на тоа дека го запиша својот 103. настап во Лигата на шампионите и така се израмни со легендарниот Оливер Кан како германски голман со најмногу настапи во ова натпреварување.
Патот на Мануел Нојер во ЛШ започна во дресот на Шалке за кого запиша 22 настапи, а натпреварот против грчкиот тим беше 81. за него за Баерн и така дојде до бројката од 103.
Нојер најмногу настапи запиша во сезоната 2012/13, вкупно 13, а до сега можеше да има многу повеќе ако ја немаше тешката повреда во сезоната 2017/18 кога запиша само еден настап во најелитното европско натпреварување.
Historical Manuel Neuer just number Oliver Kahn 103 matches as the most German goalkeeper participation in the Champions League #Bayern pic.twitter.com/DCUKHgOR1H
— N (@Onlynjod) October 22, 2019