Далеку е второто место во АБА 2: МЗТ Скопје убедливо поразен во Белград

Екипата на МЗТ Скопје во рамки на 19. коло во АБА 2-лигата по четири победи во низа забележа пораз во Белград каде што домашната екипа на Динамик славеше со 98-75.

„Металците“ беа достоинствен ривал само во воведната четвртина, додека во продолжение комплетно потфрлија во сите елементи од играта.

Прво име кај составот од Аеродром беше Американецот Вудард кој даде 26 поени додек Бојиќ постигна 15 поени.

До крајот од регуларниот дел од сезоната во втората АБА лига има уште три кола, а следниот натпревар на „Штрковите“ е на 28. февруари кога во Скопје гостува Рогашка. По денешниот пораз нашиот тим има скор од 13-6 и заостанува една победа зад Спарс во битката за второто место на табелата