Денес со одигрувањето на последното коло се спушти завесата во двете Втори лиги со што се познати екипите кои се пласираа директно во Прва лига и оние кои ќе играт бараж.
На запад веќе од поодамна беше познато дека Силеск е шампион и ќе биде промовиран во ранг повисоко, а главна дилема беше кој ќе игра бараж, Воска или Вардар.
На крај Вардар извиси и славиот клуб втора сезона по ред ќе игра во Втората лига, додека Воска ќе игра бараж.
Црвено-црните денес на гостување во Дебар одигра 1-1 против Кораб, додека со ист резултат заврши и мечот во Кратово помеѓу Силекс и Воска.
На исто откако Победа во минатото коло го завери првото место, денес непознаница остана исто како и на запад, местото кое води во бараж.
За истото се избори струмичка Беласица која славеше со 1-3 кај Кожуф во Гевгелија, додека Победа со победа во гости кај Слога го завери првото место.