Ништо од Вардар: Ракометарот кој беше желба на „црвено-црните“ заврши кај Кире Лазаров

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Сењамин Буриќ нема да го засили Вардар иако беше една од желбите за пополнување на пикерското место.

Буриќ се реши да се врати во Фанцуија, но не за тимот со кој пред два месеци потпиша договор. Тој откако реши да си замине од ППД Загреб потпиша за Цесон Рен, но во меѓувреме се премисли.

Денес е објавено дека се враќа во старото јато во тимот на Нант каде по една сезона пауза повторно ќе му биде соиграч на Кире Лазаров, а претходно има играно уште и за Горење Велење, Ивиѓаќ и Борац Бања Лука.