Ништо од медал: Македонските ракометари поразени од Србија во борбата за бронза

Македонската машка ракомета селекција од Медитеранските игри во Оран, Алжир за жал ќе се врати без медал.

Денес во борба за бронзениот медал „црвено-жолтите“ беа поразени од соседна Србија со 29-34 и на тој начин тие се радуваа на медалот.

Ако во првиот дел избраниците на Кирил Лазаров и парираа на Србите, тогаш во вториот дел следеше голем пад во играта на нашиот тим, па така сосема залсужено, од она прикажаното на крај бевме поразени.

Костадин Петров со пет гола беше најефикасен во редовите на Македонија, додека еден помалку, односно четири природаде Петар Атанасијевиќ.