Ништо од борбата со Холифилд, Тајсон избра друг голем ривал, а мечот ќе се одржи во септември

Најконтроверзниот боксер на сите времиња и дефинитивно една од легендите на професионалниот бокс е Мајк Тајсон.

Тајсон веќе има 54 години, но реши повторно да влезе во рингот, а како свој прв ривал го избра Ивандер Холифилд за егзибициски меч, но дојде од недоразбирање во очекувањата на спонзорите и парите, па Холифилд се откажа од борбата што е голема штета, бидејќи светот сакаше да види реприза на една од антологиските борби меѓу двата боксери.

Наместо против Холифилд, Тајсон ќе боксува против Ленокс Луис, соопшти тој, и тоа веќе во септември оваа година.

Овие двајца легендарни боксери се сретнаа еднаш досега и тоа во 2002 година, тогаш Ленокс Луис победи со нокаут во осмата рунда.