Ништо од 22-годишниот Бразилец: Ајакс ја одби понудата од Јунајтед

Манчестер Јунајтед испратил понуда од 51 милион фунти до Ајакс за трансфер на 22-годишниот бразилски интернационалец Антони, но шампионот на Холандија експресно ја одбил.

Ајакс бара уште 20 милиони фунти за да се раздели од еден од своите најдобри фудбалери кој последната сезона постигна 12 гола и се избори за место во бразилската репрезентација. Неговиот договор со Ајакс истекува во 2025 година, па клубот од Амстердам има право да бара колку што смета дека вреди Антони.

Поранешниот играч на Сао Пауло дојде во Ајакс во 2020 година и оттогаш настапи на 78 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 19 асистенции.