Македонскиот ракометен првак ја продолжи црната серија во Лигата на шампионите. Ефектот на Еурофарм Пелистер е седум меча и седум порази.
„Зелено-белите“ вечерва се поразени во Унгарија на гостувањето кај Пик Сегед со резултат од 34-26 (18-19).
Ако нешто е за пофалба е играта што ја прикажаа пелистерци во првиот дел кога во еден момент водеа и со +5 (5-10), за да и на паузата заминат со минимална позитива од 18-19.
Но во вториот дел следеше потоп за избраниците на тренерот Ангеловски и Пик Сегед направи комплетен прсврт, односно од 2 во 1 и на крај сосема заслужено славеше.
Денис Васиљев со пет гола беше прво име кај македонскиот претставник, додека кај домаќините хрватот Шоштариј зад своето име запиша 10 погодоци.