Ништо не се сменило: Алегри откри која е главната цел на Роналдо во Јуве

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека Кристијано Роналдо е силно мотивиран оваа сезона.

Но, како што беше случај додека играше за Реал, него не го интересираат тимските титули, туку индивидуалните признанија.

„Разочарани сме што Роналдо не ја освои Златната топка иако го заслужи тоа поради титулата со Реал. Сега негова главна цел е да ја освои Златната топка како фудбалер на Јувентус“, изјави Алегри.

Општо е познато дека Португалецот го храни егото со наградите кои ги освојува на индивидуален план. За тоа во Реал често му замеруваа, а уште се памети случката од 2015 година кога по претпоследното коло, кога беше јасно дека Барса станува шампион, тој влегол во соблекувалната среќен затоа што ја освоил Златната копачка.