Ништо не може да му помогне на Ѓоковиќ да биде поомилен од Федерер!

Францускиот тенисер Жил Симон се обиде да ја објасни актуелната ситуација во светскиот тенис, откако речиси сите се свртеа против Новак Ѓоковиќ по ширењето на епидемијата од корона вирусот.

Општ е впечатокот дека Србинот тоа го направи за да им помогне на послаборангираните тенисери, но и да му се допадне на светот имајќи предвид дека не е многу омилен, во однос на Федерер и Надал.

„Едноставно мора да прифатите дека Роџер не е Роџер само за тенисот, туку за цел свет. Тој е најсакан спортист, против тоа не можете да се борите. Дури и Ѓоковиќ да освои 22,25, па и 36 Гренд слем титули, може да каже дека бил најјак, но луѓето и натаму ќе го сакаат Роџер.

Тој го има спортскиот инает и тоа го движи во кариерата. Против него никој не може да каже дека победил, до последната топка. Но ништо не може да му помогне да биде поомилен од Федерер“, смета Симон.

Последните денови речиси цел тениски свет е против српскиот ас. Интересно ќе биде да се види како јавноста ќе го прими откако ќе заврши паузата предизвикана од корона вирусот.