Ништо не е сигурно во Реал: Азар и Бејл на трансфер листа

Мадридските медиуми тврдат дека ниеден фудбалер од актуелниот состав на Реал Мадрид не е сигурен за идната сезона.

Причина за тоа е финансиската ситуација во која се наоѓа клубот, а за што е виновна корона пандемијата. По заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан, на трансфер листа, наводно, се ставени и Еден Азар и Герет Бејл.

Ако за Велшанецот ова не е големо изненадување бидејќи веќе три години раководството на клубот се обидува да го продаде, чудна е ситуацијата со Азар бидејќи Анчелоти го гледаше како еден од носителите на играта за новата сезона. Прашање е дали и за двајцата ќе дојдат соодветни понуди, но Реал би бил задоволен и ако се ослободи од нивните високи плати.