Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен е многу блиску до одбрана на титулата.
Холанѓанецот во Ред Бул има огромни 116 поени предност во генералниот пласман пред второпласираниот Шарл Леклер од Ферари со шест трки до крајот.
Тоа значи дека Верстапен би можел и официјално да ја одбрани титулата светски шампион на следната трка во Сингапур на 2 октомври.
На Верстапен му оди одлично во Ред Бул, договорот е врзан за Биковите до 2028 година, а потоа се е можно, дури и Холанѓанецот кариерата да ја продолжи во ривалот Ферари, што и самиот Макс не го негира.
„Во моментов мојот договор со Ред Бул е до 2028 година и многу сум среќен што сум таму каде што сум сега, но како што велат никогаш не кажувај никогаш. Имам добри односи со Ферари и кој знае што ќе се случи по 2028 година. Можеби воопшто нема да бидам во Формула 1“, ја „распали” фантазијата на навивачите на Ферари 24-годишниот шампион.
Мора да ја почекаме 2028 година и да уживаме во одличните возења на Верстапен во болидот на Ред Бул, а потоа кој знае.