Никола Митревски МВП на четвртото коло во Лигата на шампионите

Репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски, е избран за МВП на четврото коло во Лигата на шампионите.

Митревски имаше одличен настап за Порто против ПИК Сегед во ракометната Лига на шампиони. Нашиот репрезентативец забележа 15 интервенции од 32 упатени удари, па благодарение на тоа тој доби уште едно признание, откако претходно неговата интервенција беше избрана за најдобра на колото, а потоа се најде и во идеалниот тим.

Митревски на крајот беше најзаслужен за победата на неговиот тим против ПИК Сегед од 25:19.