Никола Ѓоргиев одбра: Се враќа во Турција

Најдобриот македонски одбојкар и воедно капитен на македонската селекција, Никола Ѓоргиев по една мината сезона во Фридрисхафен ја напушта Германија.

Пред неколку моменти Ѓорѓиев на социјалните мрежи објави дека идната сезона повторно ќе игра во Турција, држава каде што веќе претходно настапуваше.

Нов клуб на Ѓоргиев ќе биде Инегол Беледиеспор, додека за посетување претходно беше член на Мили Пјанго.

Во досегашната своја кариера, Ѓорѓиев освен за споменатите два клуба, исто така има настапувано и за а исто така Раднички Крагујевац (Србија), Форли (Италија), Париз (Франција), Торај и Осака (Јапонија), како и Онико Варшава (Полска).