Никола Ѓоѓиев пред одлучувачкиот меч со БиХ: Ве молам да не ни создавате притисок

Македонските одбојкари во Тузла немаат голем избор. Потребна е победа над Босна и Херцеговина во последниот натпревар од групната фаза за нова коцка во калдрмата кон седмото полуфинале во континенталното натпреварување.

Токму таков беше досегашниот пат на македонската репрезентација, нерамен и на моменти непријатен, па затоа покрај наш успех утре, има уште еден услов.

„Да не размислуваме за завршниот турнир. Дојдовме во Босна за да победиме со три бода, а потоа ќе чекаме“,вели македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев.

Со 3-0 за Македонија во Тузла, ќе ни одговара победа со 3-0 и со 3-1 на Романија в недела против Албанија. Во таков случај ние ќе имаме подобар сет-количник од Албанците и ќе се качиме на второто место. Исто и доколку ние славиме со 3-1, а Романија со 3-0. Но со резултати 3-1 за нас и за Романија, Македонија и Албанија ќе имаат ист број победи, бодови исет-количник, па ќе решава поен-количникот, а во него имаме минус девет во односна второпласираниот тим во групата. Нам не ни врши работа триумф со 3-2, како и два освоени сета на Албанците во Романија, која падна во Скопје во средата, во нашиот најзрел настап годинава.

„Без еуфорија, супер е се, не сме фаворити со Босна, не сме сила како што бевме лани или пред две години. Ние сме семејство кое што работи напорно за да го оствари својот сон. Ве молам да не ни создавате притисок затоа што во двомечот со Албанија не го издржавме. Одиме да победиме, ќе победиме, но само мирно“, уште од почетокот на натпреварувањето капитенот апелира на водржаност.

Против Босна и Херцеговина имаме три победи со девет добиени и еден загубен сет во последните две години. Тие ја совладаа само Албанија, ние го покажавме потенцијалот во двата меча со првопласираната Романија, која за да го сочува врвот, треба да се радува во последниот натпревар во групата. Ако се е како што треба, два сета на Албанците во Романијасе незамислив епилог, но најпрво ние гледаме во нашиот двор. Да го задржиме приемотод средата, разновидноста во нападот, ефикасноста на центрите, ако може да сеподобриме во напад од зоната на примачите, а нема да штети и да извадиме некојатопка в поле. И тоа е тоа, звучи едноставно, а никогаш не е. Но е остварливо.