Никој не го сака – сите клубови рекоа НЕ, но Владата го изгласа новиот закон за спорт

Вчера нa седница на Собранието на Република Македонија се изгласа Законот за изменување на Законот за спорт . Со измената на Законот за спорт, се ограничува вкупната сума на средства кои спортсксите субјекти можат да ги користат, односно 6 милиони евра, наспроти претходниот Закон каде не постоеше горна граница на даночно олеснувањe.

Во претходниот Закон беше пропишано дека секој клуб, федерација или спортист можеше да склучи повеќе договори во вредност која му е неопходна за спортски резултати. Ова би значело дека има можност за инвестирање само за спортски субјекти кои имаат ваучер, а износот е лимитиран на 6 милиони евра вкупно за сите федерации, клубови и индивидуални спортисти.

Со оваа измена се врши и лимитирање на поддршката за индивидуални спортисти и спортови со што ќе се отежнат условите за работа, како и намалена подршка за најмладите спортисти и аматерски клубови со што масовноста во спортовите ќе опаѓа.

Со Законот за ваучери, предлогот, критериумите за распределба на ваучерите и бодувањето да се регулира со Правилник, кој дополнително треба да го донесе АМС.

За овој закон безмалку сите клубови и федерации реко не бидејќи на никој нема да му донесе добро, но нивниот глас не се слушна.