Ниеден тренер на Јувентус не зборувал вака: Никогаш не сме биле фаворити за титулата

По девет титули во низа и со оглед на тоа што е убедливо најтрофеен клуб во Италија, изненадува последната изјава на Масимилијано Алегри во врска со амбициите на Јувентус оваа сезона.

По поразот на неговиот тим од Аталанта, тој рече дека титулата оваа сезона не е императив за Јуве, нешто што веројатно никогаш не го слушнале навивачите на торинскиот клуб.

„На почетокот од сезоната, некои луѓе постојано тврдеа дека оваа екипа е најсилна во Серија А и дека мора да го освои Скудетото. Јас ги уверував дека не е така и знаев дека не сме зрели за титула. Тука сме за да ги нападнеме првите четири позиции и да се пласираме во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.

По осум кола, Јувентус е на осмата позиција во Серија А со 21 бод, седум помалку од четвртопласираната Аталанта и во моментов 11 од лидерите Наполи и Милан.