Ни судиите не се тоа што беа: Каков ВАР, какви дрангулии – ова е циркус!

ВАР технологијата во повеќе случаи се покажа како исправен моментум, но на почеток од сезоната имаше неколку спорни одлуки во европските првенства.

За пример да се земат два меча од Англија и Италија, каде имаше тотално две погрешни одлуки и веројатно за една од нив виновен беше ВАР системот.

На мечот Фиорентина – Наполи, фудбалерот на гостите Мертенс изнуди пенал на крајно театрален начин и судиите на тоа наседнаа, додека во Англија на мечот Манчестер Јунајтед – Кристал Палас, беше досуден неправедно жолт картон за фудбалерот на ѓаволите, Дејвид Џејмс, кој да добие фаул, доби картон поради наводно симулирање, што нема збор од тоа кога ќе се погледне снимката.

Погледнете ги спорните моменти.