Ни се враќаат националните фудбалски шампионати, на Арена Спорт

МЗТ Скопје Аеродром има нова шанса да се пласира во премиерната АБА
дивизија, откако обезбеди пласман во елиминациите во втората јадранска лига.
Првиот противник на македонскиот кошаркарски шампион, ќе му биде екипата на
Младост од Земун.

Работничи, пак, ќе се бори за опстанок во плеј-аут конкуренцијата, во истото
натпреварување. Првиот противник на нашиот најтрофеен тим, ќе му биде
екипата на Хелиос. Натпреварите од АБА 2 лигата, можете да ги следите во живо
на Арена Спорт каналите отсега достапни преку А1 Македонија.

Викендот што помина беше во знакот и на ракометот, кој им се врати на
националните првенства. Нант на нашиот селектор Кирил Лазаров победи кај
Сесон во француското првенство и држи чекор со водечкиот ПСЖ и
второпласираниот Монпеље.

Во Германија, Вецлар на асистентот-селектор Филип Миркуловски одигра
нерешено 30:30 против Кобург, додека Лудвигсхафен на нашиот голман Мартин
Томовски загуби од Мелсунген со 27:30. Вецлар е во средината на табелата во
Бундеслигата, додека Лудвигсхафен е во долниот дел.

По репрезентативните возбудувања, викендот што следува ни ги враќа
националните фудбалски шампионати. Особено ќе биде интересно во Франција,
каде се среќаваат лидерот ПСЖ и Лил, кои имаат по 63 бода од 30 меча и
директно ќе решаваат за првата позиција во моментов.

Во Италија, Интер на гости кај Болоња ги брани врвот и 9-те позитива пред Милан,
кој игра во Милано со Сампдорија. Јувентус игра градско дерби на гостински терен
кај Торино, клуб што има далеку повеќе навивачи од Старата дама, во нивниот
град.

Највозбудливите фудбалски првенства, а воедно и НБА лигата, националните и
регионални кошаркарски и ракометни натпреварувања, односно сите релевантни
спортски збиднувања, може да ги следите во живо на програмите на најдобрата
спортска платформа, Арена Спорт.