Ни Кристијано, ни Меси: Мурињо знае кој е најдобар на сите времиња

Жозе Мурињо нема работа со некој клуб, па има доволно време да прави анализи на која било тема.

Последната од нив околу тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња. Ги изненади сите со својот избор.

„Според мене, најдобар на сите времиња е Роналдо, Ил Феномено. Кристијано и Меси имаа подолги кариери и беа на врвот 15 години, но ако зборуваме само за вештините и талентот, никој не е подобар од Роналдо. Кога беше во Барселона, сфатив дека тој е најдобар играч што сум го видел. Повредите ја уништија неговата кариера која можеше да биде уште поблескава“, изјави Мурињо.

Тој беше помошен тренер во Барселона кога Роналдо го носеше дресот на каталонскиот клуб, во сезоната 1996/97.