Невообичаена понуда за Мајк Тајсон од Африка

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (55) долго време е во бизнисот со канабис.

Тајсон одлучи да инвестира во производство на канабис. Тој е сопственик на плантажа во Калифорнија и му оди многу добро.

Со оглед на тоа што тој веќе е длабоко во бизнисот, африканската држава Малави одлучи да му понуди на Тајсон улогата на амбасадор за канабисот.

Во оваа земја, канабисот стана легален во 2020 година. На фармерите им беше дадена можност да го одгледуваат за медицински и индустриски цели, а тие решија да му понудат на Тајсон улогата на амбасадор на канабисот.

Министерот за земјоделство Лобин Лоу испрати писмо до Тајсон во ноември оваа година во кое го замоли да ја прифати улогата на амбасадор. Наводно, оваа земја е на самиот врв по квалитетот на „тревата“ што ја произведуваат.



Тие веруваат дека улогата на Тајсон ќе има значително влијание врз земјоделството во земјата и може да донесе голем број инвеститори.

Но, по ова писмо, државните лидери се побунија, сметајќи дека амбасадорот не треба да биде лице осудено за силување.

Тајсон беше осуден за силување во 1992 година и помина две години во затвор.