Неверојатно откритие на Клоп: Германецот откри за што најмногу се кае

Јирген Клоп и Ливерпул се на вистинскиот пат да ја освојат титулата во Премиер лигата.

Вистина, има уште многу да се игра во англискиот шампионат, но навивачите се надеваат дека ова би можела да биде годината во која „Црвените“ ќе го прекинат повеќедеценискиот пост во англиското првенство.

Германецот во текот на својата кариера често бил на губитничката страна во моментите кога се играло за трофеи, но истакна дека се кае за една работа во својата кариера.

„Нормално дека правев некои грешки во животот, а една од најголемата беше кога бев тренер на Борусија. Можев да го донесам Садио Мане во Дортмунд, дури и разговаравме во мојата канцеларија и се беше до мене. Тогаш не бев сигурен тоа беше моја голема грешка“, открива Клоп.

Навивачите на англискиот клуб сигурно нема да му замерат бидејќи во репрезентативецот на Сенегал добија фантастичен играч, благодарение токму на Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Челзи го бојкотираат Сари на мечевите против Вест Хем и Барнли

(ВИДЕО) Јоаким Лев повторно во елемент со своите потези, овојпат „настрада“ Сане

Икарди се пожалил: Одземањето на капитенската лента е бескорисно понижување

Мајката на Сала е неутешна: Бараме правда, како можеше такво нешто да се случи?

Погба и Реал Мадрид, опцијата е повторно отворена, Бејл би можел да биде клучниот човек

Зидан ја одреди трансфер метата, но веќе на стартот наиде на проблем

Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Зарем некој се сомневаше: Меси ја откачи Аргентина за Барса!