Неверојатно: НБА кошаркар се предозирал со бомбони во авион и се онесвестил

Дион Вејтерс синоќа требаше да го одигра првиот меч сезонава во дресот на Мајами Хит откако клубот поради недолично однесување го суспендираше за првите девет натпревари.

Можеби и конечно ќе заиграше против ЛА Лејкерс, но направи невидена глупост.

Енди Слејтер од „Фокс Спортс“ прво јави дека на летот на Хит од Феникс во Лос Анџелес на еден играч му требала итна медицинска помош. Подоцна протекоа нови детали.

Вејтерс во авионот изел премногу гумени бомбони и ја загубил свееста.

Кога по слетувањето го разбудиле, тој добил паничен напад.

Мечот со Лејкерс, кој Мајами го загуби со 95:80, официјално го пропушти поради болест.