Неверојатни детали за аферата: Како Јуве владее со пазарот, а Наполи купува ѕвезди?

Нови детали од „Призма“, најголемата афера во италијанскиот фудбал од Калчополи, во рамките на која полицијата упадна во просториите на Јувентус, чии клучни луѓе се под истрага, покажуваат дека во тој статус се и десетици трансфери и размени на играчи.

Клубовите, пред се Јувентус, до 2019 до 2021 при трансферите на играчите нивната вредност ја прикажувале дека е далеку поголема од реалната со цел да остварат поголема капитална добивка и така да ги доведат во ред работните книги. Размените, продажбите и купувањата на играчите, далеку поскапи од што е нивната реална вредност, често се правени а да не се направи никаква трансакција, или да се потроши ниту едно евро.

Јувентус се товари дека остварил добивка така што лажжно ја прикажувал вредноста на играчите. Тоа го правел бидејќи е тешко да се востанови објективната вредност на играчите. Нив, имено, различно ги толкуваат купувачот и продавачот. Истражителите проверуваат 62 трансфери и вредноста на играчите искажани при истите, од кои дури 42 се на Јувентус, но еден трансфер ја покрена целата афера. Оној на Миралем Пјаниќ во Барселона за преценети 60 милиони евра.

Освен трансферот на Пјаниќ, интересен е и за начинот на кој се работи во Италија и индикативниот трансфер на Виктор Осимен од Лил во Наполи. Поточно, последователните трансфери кои се правени околу главниот, во кој ѕвездата на Лил во летото минатата година дојде во Наполи за 71 милиони евра.

Во спротивна насока отидоа четири играчи, за кои Лил вкупно плати 20 милиони евра. За Чиро Палмери плати 7, за Орестис Карнезис 5, а за Клаудио Манци и Луиџи Лиџори по четири милиони евра. Меѓутоа, тројцата од нив, иако тогаш скапо проценети и платени, веќе се вратија во Италија, и тоа двајца во четвртата, а еден во третата лига.

Тешко дека во толку кратко време успеале да опаднат во квалитетот толку многу. Четвртиот играч на Наполи во овој сомнителен дил (Карнезис) остана во Лил, но за тој клуб нема одиграно ни минута. Истражителите се сомневаат дека ова експресно враќање на играчите кои Наполи ги продал на Лил не е само кадровско, туку и финансиско прашање.

Сепак, Јувентус е италијанскиот крал на работењето во црната зона. Истражителите наведуваат дека дури 42 (од 62 трансфери под истрага) се поврзани со овој клуб. „Во нив Јувентус разменил 21 играч со вкупна вредност од 90 милиони евра, но така што повеќето од тие операции биле внатре во Италија, за играчи од пониска класа и вредни малку над 3 милиони евра, со што Јувентус остварил малк повеќе од 40 милиони евра добивка. Повеќето од тие играчи набрзо завршиле во третата или четвртата лига. Освен тоа, на овој начин работел во странство со трампите Пјаниќ за Артур и Кансело за Данило, што значи за познати играчи и со високи суми“.

Јувентус со угледните странски клубови вака работи и кога станува збор за анонимуси. Извесен Франко Тонгја од Јуве оваа година замина за 8 милиони евра во Марсеј. Од таму во спротивна насока за истиот износ дошол Марли Аке. Првиот сега игра во четвртата француска, а вториот во третата италијанска лига.