Неверојатна понуда: Барса нуди пет играчи за Лаутаро, сега Интер е на потег

Добро е познато дека Лаутаро Мартинез е мета на Барселона која во него гледа идеален заменик на Луис Суарез.

„Кориере дело Спорт“ денеска пишува дека Каталонците не се откажуваат од аргентинскиот напаѓач и подготвени се да се ослободат од голем број играчи во текот на летниот преоден рок.

Нестабилната економска ситуација поради пандемијата со коронавирусот ќе ја наведе Барселона на интересен потег. Имено, Барселона ќе му понуди на Интер петмина фудбалери во замена за Лаутаро Мартинез.

Меѓу тие пет играчи се Артур, потоа Жан Клер Тодибо, Артуро Видал, Нелсон Семедо и Карлес Алења. Сега Интер е на потег, сите играчи се и повеќе од интересни, а треба да се напомене дека „Нероазурите“ беа заинтересирани за Артуро Видал во претходниот период.