Неуспешно ЕП: Уште еден, трет пораз за Македонија

Македонската ракометна репрезентација е трет пат поразена во исто толку натпревари на Европското првенство кое деновиве се оддржува во Скопје.

Против денешниот ривал Романија, може да се каже дека имавме едно рамноправно полувреме, веројатно најдоброто во групната фаза од ЕП, но дури и тоа не беше доволно за да се впише прва победа.

Репрезентацијата на Романија славеше на вечерашната средба со 23:31.

Првите 30 минути се играа буквално гол за гол, немаше некои преголеми разлики, Романија успеваше да побегме на три голови разлика, но тоа некако дамите од Македонија успеваа да го анулираат. По првиот дел имавме само еден гол негатива (11:12).

Но едно добро полувреме не е доволно за да победите некоја репрезентација на Европско првенство. Романија во вториот дел беше далеку поквалитетна репрезентација, ги користеше нашите грешки и тоа на крајот го казни.

Дабевска од репрезентацијата на Македонија беше најефикасна, постигна седум погодоци, додека во спротивниот табр, Кристина Неагу беше најефикасна на натпреварот, со 10 погодоци.