Неуништливиот Сиригу има нов клуб

Италијанскиот фудбалски голман Салваторе Сиригу е нов играч на Ница, потврди денеска францускиот клуб. Тој доаѓа во клубот како наследник за Каспер Шмајхел и треба да го замени Данецот кој си замина летово од клубот.

Тој ја напушти Фиорентина на крајот од минатата сезона, а во Ница пристигнува како слободен играч.

Во текот на кариерата Сиригу (36) настапуваше за Фиорентина, Наполи, Џенова, Торино, Осасуна, Севиља, ПСЖ, Палермо…

Исто така искусниот голман забележа 28 настапи за италијанската репрезентација.