Несторовски си заминува од Палермо, Италијанците тврдат дека се сели во Белград!

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски ова лето ќе го напушти Палермо по три сезони и својата кариера ќе ја продолжи на друго место, а тоа најверојатно ќе биде Црвена Звезда.

На „Маракана“ веќе неколку пати ја демантираа оваа вест, но Италијанците упорно пишуваат дека Звезда е силно заинтересирана во Белград да го доведе напаѓачот на Палермо. Македонскиот центарфор брзо ќе ја напушти Сицилија, бидејќи клубот од „Ренцо Барбера“ во него гледа играч на кој може најмногу да заработи, како прва ѕвезда на клубот. Големите финансиски проблеми на Палермо можат да и помогнат на Црвена Звезда, но…

„Македонецот неколку пати беше блиску до поптис за некои руски или турски клубови. Меѓутоа, во последните неколку часа иднината на Илија Несторовски се промени. Црвена Звезда е фаворит за потписот. Белградскиот тим ќе игра во квалификациите за ЛШ и економски може најмногу да понуди“, пишуваат локалните медиуми во Палермо.

Слични наслови носат и специјализираните сајтови за италијанскиот пазар. Со констатација дека Црвена Звезда е во жестока иницијатива и го притиска Несторовски.

Македонскиот напаѓач има договор со Палермо до 2021. година. Сепак, клубот е во големи финансиски проблеми, на сопствениците им е приоритет да го стабилизираат клубот, а потоа да се обидат да направат сериозен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба

Мегваер е прескап, Јунајтед се насочува кон новопечениот играч на Јувентус?!