Несреќата на Ван де Бек во Манчестер – неговиот класа соиграч!

Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер на повеќе европски клубови, Дирк Кајт, смета дека зад недоволната минутажа на Дони Ван де Бек во Манчестер Јунајтед, причината е јасна – БРУНО ФЕРНАНДЕШ!.

Одличната форма во која настапува Бруно Фернандеш во Јунајтед оваа година откако е дел од клубот во Манчестер, го фрла во сенка Дони Ван де Бек.

Чекорот од Ередивизијата (Холандија) кон Премиерлигата, сега е многу поголем сега, отколку кога јас преминав од Холандија во Премиерлигата. Тоа го гледаме и по Хаким Зијеш, така да, мора да им се даде време и простор на младите. Дони во Манчестер Јунајтед немаше баш многу среќа, тоа пред се е така поради Бруно Фернандеш, кој во моментов е најдобар играч за врска во светот, токму поради тоа, Дони нема шанса и простор да се докаже“.

„Мислам дека Дони покажа минатата година во ЛШ колку е добар, така да неговото време ќе дојде. Штета е сега што тој е повреден кога и Погба е исто така повреден. Има место за него во средниот ред и се надевав дека ќе го гледам што почесто овој период, но мора да биде трпелив како што реков претходно, чекорот од Ередивизијата кон Англија е преголем“, истакна Дирк Кај.