Нераѕурите во акција: Интер ќе профитира од кризата на Јунајтед

Раководството и стручниот штаб на Интер ќе се обидат да ја искористат актуелната ситуација во Манчестер Јунајтед и да го засилат тимот во јануарскиот преоден рок.

Италијанските медиуми тврдат дека цел на нераѕурите ќе биде српскиот репрезентативец Немања Матиќ кој нема голема минутажа оваа сезона. Неговиот договор истекува идното лето, но тој може да си замине уште во јануари со соодветна отштета.

Србинот веќе соработуваше со Антонио Конте додека беше член на Челси и добро ги знае неговите методи на работа.