Непопуларни одлуки на Реал и Барселона – од Атлетико и Сосиедад ќе бидат разочарани

Четвртфиналните пресметки од Купот на кралот во Шпанија се играат вечерва, Барселона игра против Реал Сосиедад.

Имено, шпанските великани Реал и Барселона, неодамна најавија дека на секој начин ќе спречат влез на гостински навивачи на нивните стадиони во дресови или реквизити на противничките тимови.

Иако мерката е во склад со законот, ова претставува сериозен преседан, па голем дел од навивачите ваквата одлука ја сфаќаат како анти-фудбалска.

Фитиљот го запали забраната за навивачите на Еспањол да носат реквизити на натпреварот во Ла Лига против Барселона на 31. декември, а поради натпревар од висок ризик, таквите мерки ќе се спроведат и на Реал Сосиедад навивачите нема да носат реквизити на својот клуб на Камп Ноу, а слична мерка ќе биде и на натпреварот помеѓу Реал и Атлетико, меч кој се игра утревечер од 21 часот.