Актуелната сезона во Ф1 шампионатот со себе носи 23 трки, нешто кое досега е рекорд. Овие 23 трки ќе се одржаваат во најмалку 20 држави, а постои најава дека во иднина тој број може да расте.
Трката за ГН на Јужна Африка е меѓу кандидатите кои можат да се најдат на програмата во иднина, а генералниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, истакна дека овој спорт поради својата популарност, може лесно да достигне и до 30 трки по сезона.
Но таквите ставови не се соодветни за возачот на Ред Бул, Серхио Перез, кој најавува дека доколку се случи тоа, тој може ќе ја напушти Формула 1.
„Многу се трошиме на секоја трка. Од друга страна, премногу трки се неприфатлива работа, барем за мене. Имаме доста симулаторски сесии пред секоја трка и други случувања со партнерите. Практично немаме слободно време за себе и семејството. Имам две млади деца и мислам дека ќе престанам да се занимавам со овој спорт доколку календарот значително се прошири“, порача Чеко Перез.
Следната трка во Ф1 се вози на 8. мај и тоа прв пат во Мајами.